сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПо 8 месеци куќен затвор, Раста веднаш замина да снима спот со...
spot_img

По 8 месеци куќен затвор, Раста веднаш замина да снима спот со екс-полицаецот од Македонија и актуелен рапер – Таско (ФОТО)

На раперот Стефан Ѓуриќ Расти денеска, 18 април, му беше отстранета алката за следење на извршувањето на казната куќен затвор, откако помина осум месеци во домашен притвор.

Раста конечно е слободен, а алката му ја симнале околу 10 часот. Ѓуриќ веднаш ја искористи слобдата и отиде во студио да сними спот со македонскиот рапер Таско.

Раста беше приведен во октомври 2020 година во центарот на Белград, со неколку пакувања марихуана и сканк, а при претресот на неговиот стан полицијата пронашла уште недозволени материи. Адвокатот на Раста тврдеше дека раперот имал наркотици за своја употреба, а не за продажба.

Раста четири месеци беше задржан во Окружниот затвор во Белград поради нелегално поседување сканк и кокаин за лична употреба. Раперот подоцна склучи спогодба за признавање вина со белградското Вишо јавно обвинителство и беше осуден на една година домашен притвор, односно осум месеци, бидејќи помина четири месеци во притвор.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ