сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПо зголемувањето на минималната плата, од сите страни доаѓаат барања за повеќе...
spot_img

По зголемувањето на минималната плата, од сите страни доаѓаат барања за повеќе пари

Наставничкиот пленум бара зголемувањето на платите за вработените во образованието од 7 отсто, кое е предвидено со годинашниот Буџет, согласно со колективниот договор и поврзано со покачувањето на минималната плата, да се пресметува и реализира од 1 март 2022. Во барање до ресорниот министер Јетон Шаќири, Пленумот наведува дека просветните работници се незадоволни и се чувствуваат дискриминирани во однос на другите вработени во јавниот сектор поради тоа што секторот образование е изземен од исплатата на регресот (К-15).

Тие бараат и организиран превоз, месечен билет за јавен превоз или месечен надомест за патни трошоци за просветните работници што патуваат на работа во рурални средини или од една во друга општина, како и надомест за одделенските наставници кои работеа дополнителни часови со учениците за време на онлајн-наставата во периодот на пандемијата во учебната 2021 година.

Ако нашите барања не бидат земени предвид, ние, наставниците на Наставнички пленум, предвидуваме бојкот на наставата, штрајк или протести и ги повикуваме да ни се придружат сите синдикати од секторот образование и сите граѓански образовни здруженија, како и здруженијата на родителите, се наведува во барањето до министерот Шаќири.

Барањето доаѓа откако пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе предлог на закон за дополнување на законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, по скратена постапка. Бети Стаменкоска Трајкоска, пратеник на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека законот се стреми кон повисоки плати за наставниот кадар и токму затоа го поднесуваме овој закон.

За да се обезбеди квалитетен образовен процес преку професионалниот и кариерниот развој на наставниците и стручните соработници потребно е да се зголеми нивната мотивација. Со зголемување на нивната мотивираност ќе се подигне квалитетот на воспитно-образовниот процес во Македонија. За таа цел потребна е економска сигурност на наставниците и стручните соработници и вреднување на нивниот труд кој се постигнува со пораст на платите, изајви Стаменкоска. ВМРО-ДПМНЕ веќе одговори на покачувањето на минималната плата со барања за значително зголемување на платите на администрацијата – безмалку двојно во просветата – и со повик за зголемување на пензиите.

Министерот Шаќири ги замоли наставниците да не штрајкуваат.

Јас претходната недела имав состанок со претседателот и двајца претставници на СОНК, а крајот на неделата ќе реализирам уште еден состанок на кој ќе присуствуваат и претставници од Министерството за финансии, отворени сме за комуникација и во најбрзо време ќе дадеме одговор за овој многу важен процес. Oтворени сме за комуникација. Оваа недела пак ќе реализирам состанок, а на тој состанок освен МОН ќе присуствуваат и претставници од Министерството за финансии. Можно е да биде до крајот на оваа недела или почетокот на другата недела, рече денеска Шаќири во одговор на новинарско прашање пред почетокот на настанот за унапредување на средното стручно образование, изјави Шаќири.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ