По долго време конечно одекна детскиот џагор во Дом на млади – Штип. На гости беше караванот на „5+ Фамилија“, кој приреди несекојдневна забава и предизвика неодоливи насмевки кај најмладите посетители.
Општина Штип овој настан го организираше во соработка со ОУК Дом на млади и ОХО Продукција, настан на кој уживаа сите дечиња од нашата општина.


