сабота, септември 30, 2023
Google search engine
ПочетнаШтип NewsПочна уредувањето на влезот на градот Штип кај населбата Баби
spot_img

Почна уредувањето на влезот на градот Штип кај населбата Баби

Почна уредувањето на влезот на градот Штип кај населбата Баби. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека во првата фаза ќе се уредуваат тротоарските површини.

-Се третираат тротоарските површини на улицата „Партизанска“. Првата фаза е во должина од 300 метри, а следниот месец ќе се продолжи и на потегот од населбата Баби до населбата Сењак 4. Станува збор за една фреквентна сообраќајница, којашто бара поголема безбедност и простор за пешаците, вели Јорданов.

Инвестицијата за првата фаза чини еден милион денари, а по завршувањето на останатиот дел до населбата Сењак 4 ќе се знае колку средства ќе се инвестираат во реализацијата на овој проект. Средствата се обезбедуваат од буџетот на Општина Штип преку Програмата за уредување на градежно земјиште. Инаку овие две населби се поврзуваат со изградбата на неколку станбени згради на улицата Партизанска.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ