сабота, септември 30, 2023
Google search engine
ПочетнаМакедонијаПочна струмичкиот карневал
spot_img

Почна струмичкиот карневал

Започнаа карневалските свечености во Струмица. По две години пауза локалната власт повторно е во рацете на карневалџиите. Тие со градот  ќе раководат седум дена, исто колку што трае и карневалската програма. За време на нивниот еднонеделен мандат тие го имаат и клучот на градот кој официјално им беше предаден од градоначалникот Костадин Костадинов според кого струмичките карневалџии се единствените кои ја имаат привилегијата да бидат локална власт без избори.

„Клучот има двонаменска улога и двонаменско значење.Тој отклучува и тој заклучува. Тој означува отвореност или затвореност. Убавиот повод кој е пред нас ни  дава до знаење дека нашиот клуч е за отварање. Клуч кој ја покажува отвореност и гостопримството на Струмица и струмичани за сите добронамерници, рече Костадин Костадинов – градоначалник на Општина Струмица.

Претседателот на карневалскиот одбор од името на сите карневалџии вети дека ќе направат се да ја оправдаат довербата.

Квалитетен карневал со оригинални маски ветија и претставниците на карневалските групи. Тие не ја криеја возбудата што после принудната пауза повторно ќе може може да ја покажат нивната креативност.

Во рамки на свеченото отварање на карневалските денови беше промовирана и монографијата по повод 30 години од обновената организирана форма на карневалот насловена „Струмичко чудо“. Свеченостите продолжуваат вечерва со концерт под маски на музичкото училиште, утре е традиционалниот маскенбал.Главната карневалска вечер е закажана за во сабота.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ