Агенцијата БГНЕС го објави целиот текст на францускиот предлог за решавање на бугарско-македонскиот спор. Во него се прифатени сите бугарски барања, а она што власта во Скопје сакаше да го претстави како некаков успех во делот за јазикот е целосна катастрофа. Македонскиот јазик во францускиот предлог е именуван како„македонски јазик број 2“ што тоа и да значи.
Во име на Европската Унија, со задоволство ги поздравуваме денеска угледните претставници на Република Македонија на отворањето на преговорите за пристапување на вашата земја во Европската унија.
Ова е историски момент за сите нас кој означува пресвртница во еволуцијата на нашите односи. Процесот на проширување дава силен поттик за политички и економски реформи и ги зајакнува мирот, демократијата и стабилноста во Европа и ги зближува луѓето.
