среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаПолитикаПотресна слика од плоштадот во Лавов: 109 колички за 109 убиени деца
spot_img

Потресна слика од плоштадот во Лавов: 109 колички за 109 убиени деца

Сто и девет празни  колички за деца беа поставени на главниот плоштад во Лавов во спомен на 109 украински деца убиени од почетокот на руската инвазија.

Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовиј на Twitter напиша:

„Празните колички на плоштадот Ринок денес ги симболизираат животите на малите ангели. Тие сега го бранат украинското небо наместо решителните акции на светот“.

Тој повика на затворање на небото над Украина.

„Ги повикуваме сите возрасни ширум светот да застанат како еден штит за заштита на украинските деца и да им дадат иднина. Повикајте ги владите на другите земји да го затворат небото над Украина“, истакна Садовиј. 

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ