Општина Штип почнува со целосна реконструкција на три улици во населба Автокоманда.
„Браќа Даневи”, „5ти Конгрес” и „Солидарност”, ќе добијат нов водовод и канализација, затоа што постоечката мрежа е застарена и нефункционална, а веднаш по завршувањето на овој зафат, ќе се пристапи кон целосно асфалтирање.
Граѓаните од Автокоманда после децении заслужуваат да добијат модерна, современа и урбана населба!



