сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаНекатегоризираноПоследни случувања во Украина: Харков гранатиран, конвој долг 65 километри се приближува...
spot_img

Последни случувања во Украина: Харков гранатиран, конвој долг 65 километри се приближува кон Киев

Центарот на Харков е уништен. Русите утрово брутално нападнаа, употребувајќи тешко вооружување против циливи, обвинува украинската армија.

Шефот на регионот Харков соопшти за најмалку 10 загинати цивили. На Твитер се појави снимка како проектил паѓа на централниот Плоштад на слободата, каде што се наоѓа зградата на регионалната админситрација.

Напад врз град каде што нема воени цели е воено злосторство, рече претседтелот Зеленски и побара Русија да биде исклучена од Советот за Безбедност на ОН.

-„Руските сили денеска брутално го гранатираа Харков. Ова е воено злосторство. Мирно место, мирни граѓани. Нема воени објекти. Ова е намерно уништување на луѓе. 

„Поради ова злосторство тој дефинитивно ќе оди пред Меѓународниот суд на правдата. Ова е кршење на сите конвенции. Никој во светот нема да ви прости што убивте мирни Украинци, Русите добро знаат што гранатираат. Злото, вооружено со ракети, бомби и топови, мора веднаш да престане. Мора да покажеме дека човештвото е способно да се заштити себеси“, рече Зеленски.

Нападите врз Харков, главниот технолошки центар на Украина и дом на 1,4 милиони луѓе се засилија откака вчерашната прва рунда преговори Киев – Москва за запирање на руската инвазија заврши без резултат. На 6-тиот ден од војната,  руските ракенти напади се интензивираат и врз други украински градови, а најновите американски сателетиски снимки покажуваат како руски воен конвој долг 64 километри  напредува кон Киев од северозпад. Конвојот според снимките се наоѓа на околу 25 километри од украинската престолнина.

Киев и ноќеска повеќе пати беше бомбардиран, а погодени биле и нафтени депоа. Меѓународниот кривичен суд во Хаг најави дека ќе испита дали има воени злосторства во руската инвазија. Досега 660.000 луѓе, претежно жени и деца ја напуштиле Украина и спас побарале во соседните земји соопштија ОН. 

Официјална Москва засега не даде коментар за нападот во Харков. Од почетот тврди дека не се напаѓаат цивилни објекти и дека нивна цел е демилитаризација на Украина. Првиот човек на руската армија рече дека не напаѓаат цивилни објекти.

Првиот руски дипломат истакна дека Русија ги презема сите мерки за да ја спречи Украина да поседува нуклеарно оружје. 

Американското нуклеарно оружје во европските земји мора да се врати во САД рече Лавров и ги повикува САД и и нивните сојузници да се приклучат на мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел во Европа.

– Опасностите што режимот на Зеленски денеска ги претставува за соседните земји и општо за меѓународната безбедност значително се зголемија откако властите формирани во Киев почнаа опасни игри, поврзани со плановите да се здобијат со сопствено нуклеарно оружје. Украина сè уште има советски нуклеарни технологии и средства за испорака на такво оружје. Не можеме да не одговориме на оваа реална опасност. Крајно време е да го вратиме американското нуклеарно оружје дома и целосно да ја демонтираме поврзаната инфраструктура на Европа, рече Сергеј Лавров.  

Во меѓувреме Францускиот министер за економија Бруно Ле Мар изјави дека санкциите кои светот ги воведе против Русија се неверојатно ефикасни и дека ќе доведат до колапс на руската економија. Ќе водиме тотална економска и финансиска војна против Русија рече Ле Мар, а Моксва експресно возврати- „Не заборавајте дека економските војни во историјата на човештвото често ескалира во вистински, предупреди  поранешниот претседател и втор човек на рускиот советот за безбедност Дмитриј Медведев.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ!

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ