петок, септември 22, 2023
Google search engine
ПочетнаМакедонија„Последна матурска“ и „последен ден“, гласале последните зборови на тинејџерот од штипската...
spot_img

„Последна матурска“ и „последен ден“, гласале последните зборови на тинејџерот од штипската гимнација – МВР со детали од проверките на учениците

„Последна матурска“ и „последен ден“. Вакви зборови имало во јавната порака на осумнаесетгодишниот матурант од Штип, објавена завчера на Инстаграм. Контекстот остана нејасен за соучениците. Толкувањето беше доволно за паника помеѓу нив и родителите.

Ученикот поминал 24 часа во станица. Извршен е претрес на домот и е разговарано со семејството и соучениците. Настанот е заведен во билтените на МВР.

Исто така, тетовски средношколци во училишен тоалет залепиле список со закани кон нивни соученици.

Доволно за надлежните да констатираат дека и на истокот и на западот од земјата – девијантното однесување зема замав.

Од Полицијата, во одговор за Телма информирааат дека во периодот од септември 2021 година до април 2023 се извршени повеќе од 2700. Исконтролирани се 268 училишта и над 37 илјади ученици. Откриени се 14 прекршоци по закон за оружје. 38 прекршоци се според законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Овие случувања уследуваат откако образовните власти, безбедносните органи и стручната јавност ги здружија силите со една цел. Освен превенција, да се реагира и за секое детектирано насилство во ходниците, училиниците и дворовите.

Од МОН и денес повикуваат родителите и учениците да се охрабрат и помасовно да пријавуваат насилство во училиштата. Од Министерството уверуваат дека по секоја пријава веќе се постапува, во вмрежена акција на неколку институции, во соработка со социолози, педагози и психолози.

Поучени од хоророт во основно училиште во Србија, дел од јавноста повика да се размисли на намалување на возрасната граница за кривична одговорност кај малолетници.

Но, засега стручните лица од областа на правото повикаа да не се брза со таквата одлука.

Нов кризен протокол, со детални насоки за тоа како да се препознава и како да се постапува по случаи на меѓуврсничко насилство, како и протокол за безбедност во училиштата ќе има од септември.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ