сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотПОСЛЕДЕН ФИЛМ ПРЕД СМРТТА Потврдена засилена мозочна активност при умирање
spot_img

ПОСЛЕДЕН ФИЛМ ПРЕД СМРТТА Потврдена засилена мозочна активност при умирање

Иако треба да се спроведат уште многу испитувања, снимениот миг укажува дека човекот можеби може да ги види, како на филмска лента, своите најдобри спомени, баш пред да умре.

Нова снимка од мозок на човек кој умира, открива дека сепак, во последните мигови од животот луѓето можат да оживеат некои од омилените животни спомени. Снимката e снимена случајно, откако пациент поврзан со електроенцефалограм (ЕЕГ), доживеал срцев удар и починал.

Научниците така неочекувано снимија умирање на најкомплексниот човеков орган, по смртта на пациентот кој се лекувал од епилепсија. Додека му ја мереле активноста на мозокот, на 87-годишниот маж ненадејно му се случил срцев удар и смрт… За 30 секунди е забележано засилување на специфични мозочни бранови, познати како гама-осцилации, кои се поврзуваат со помнењето, сонувањето и медитацијата.

Иако треба да се спроведат уште многу испитувања, снимениот миг укажува дека човекот можеби може да ги види, како на филмска лента, своите најдобри спомени, баш пред да умре.

Иако телото се исклучува, мозокот за кусо сè уште работи заради последната задача – да го направи процесот помалку „мрачен“. Д-р Ајмал Земар, неврохирург од Универзитетот на Лујсвил во САД, кој го предводеше истражувањето, смета дека со генерирање на осцилациите вклучени во обновувањето на помнењето, мозокот може да го прикаже последното сеќавање на важните животни настани, слични на оние досега пријавени во блиските искуства со смртта.

– Овие наоди го доведуваат во прашање нашето разбирање за тоа кога точно завршува животот – додаде д-р Земар.

Слични промени во мозочните бранови се забележани и кај стаорци во миг на смрт, но никогаш порано кај луѓето. Трудот е објавен во „Фронтиерс“ списанието за неврологија (Frontiers in Aging Neuroscience).

„Нашите податоци ги даваат првите докази од човечки мозок што умира во неекспериментална реална клиничка средина за акутна нега, кои покажуваат дека човековиот мозок може да создава координирани активности во состојба на блиска смрт“, како што се наведува.

Сепак, треба да се има на ум дека ова е испитување на само еден случај на мозок, којшто веќе бил оштетен од епилепсија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ