петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПолитиката пак го подели народот: Tажна слика на Мечкин Камен – Eдните...
spot_img

Политиката пак го подели народот: Tажна слика на Мечкин Камен – Eдните со ЕУ знамиња аплаудираат, другите со Кутлеш и „УАА“ за премиерот

Тажна сцена претпладнево на Мечкин Камен, заштитната ограда како никогаш одалечена од патот по кој се движеше премиерот и делегацијата составена од владини претставници и дипломатски кор.

Она што дополнително боли е тоа што народот беше поделен, оние дојдени со директива од партија со ЕУ знамиња на едната страна, другите со знамето од Кутлеш како со нож пресечени од другата.

Во исто време се слушаа аплаузи од едната група и „УАА“ од другата која потоа извикуваше Македонија, Македонија.

Во Крушево премиерот го чуваат 1500 полицајци, а МРТ во позадина ја остави музиката за да не може да се чуе јасно што извикува насобраниот народ иако свирежи со вувузели и свирчиња се слушаат и во овој момент во преносот во живо.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ