петок, септември 22, 2023
Google search engine
ПочетнаМакедонијаПознат идентитетот на трите млади лица од Истокот кои загинаа во сообраќајна...
spot_img

Познат идентитетот на трите млади лица од Истокот кои загинаа во сообраќајна несреќа во Италија

Тројца македонски и еден италијански државјани загинаа синоќа во сообраќајна несреќа во Ница, јави италијанскиот медиуми „Ла Воче ди Асти“.

Според медиумот, до несреќата дошло кога возилото во кое се наоѓале тројцата македонски државјани на возраст од околу 30 години, се судрило со автомобил со кој патувал 23-годишниот Италијанец од местото Асти во северозападна Италија.

Истрагата за причините за несреќата е во тек, а на местото на настанот увид извршиле припадници на сообраќајната полиција.

Извори од полицијата во Асти за медимиуот изјавиле дека засега немаат детели за сообраќајната несреќа, но дека „со сигурност само знаат“ дека станува збор за фронтален судир.

Се работи за З.С. – 33 години од Македонска Каменица, А.К. – 31 година од селото Саса, како и В.И. – 30 години од село Пекљани, Виничко.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ