среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsПожарот во индустриската зона на Штип е локализиран - Двајцата повредени се...
spot_img

Пожарот во индустриската зона на Штип е локализиран – Двајцата повредени се во стабилна состојба, познати и причините!

Пожар во фабрика во штипската индустриска зона ги алармираше службите на територијалната противпожарната единица и итната медицинска помош во Штип. Според информации од ТППЕ Штип, пожарот бил пријавен околу 10 часот, по што тие реагирале и целосно го изгаснале најдоцна до 11 часот.

„Некаде околу 10:00 часот беше пријавен пожар во фирма во индустрискиот дел на Штип. Од наша страна е интервенирано со две возила и четири пожарникари. Дојавата беше дека има запалена печка и кровна конструкција. Отидено е на лице место, пожарот е локализиран и изгаснат, сѐ во најбрзо време“, истакна во телефонски разговор за М-Нет Телевизија Славчо Делов, пожарникар – спасител.

На терен беа и од Итната медицинска помош во Штип, меѓутоа од таму не сакаа да дадат информации за каква интервенција станува збор, ниту дали има повредени лица во настанатиот пожар.

Од Клиничката болница во Штип, пак, велат дека кај нив се донесени две лица со телесни повреди. Истите се прегледани од д-р Серафимов и д-р Николов и кај нив се направени сите иследувања.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ