среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаСветПовеќе ништо нема да биде исто: Се зголемува цената на пивото...
spot_img

Повеќе ништо нема да биде исто: Се зголемува цената на пивото за над 15 отсто – Ќе исчезнат ли „боемите“ од градските кафани!?

И пивото поскапува поради инфлацијата, што во Германија не било случај со деселетија… Па така, литарска кригла пиво на Октоберфест ќе чини меѓу 12,60 и 13,80 евра, соопшти локалната власт на Минхен.

Цените ќе бидат во просек за 15,77 отсто повисоки од претходниот Октоберфест, од 2019 година. Тогаш криглата чинеше меѓу 10,8 и 11,8 евра. Фестивалот не се одржуваше последниве две години поради пандемијата. Подобро ќе поминат посетителите кои ќе се одлучат за вода, којашто во просек ќе чини 9,67 евра за литар. Но и тоа е за 80 евроценти повеќе од 2019 година.

Градот Минхен посочува дека не одлучува за цените на пијалаците. Како организатори, оттаму само ги споредуваат цените што ги одредуваат угостителите со редовните цени на подрачјето на градот кои сега се од 6,70 до 11,20 евра за литар. – Добро е што цените на пивото не надминаа 14 евра.

Но, тие сѐ уште се доста високи. Во иднина, ќе мора да се погрижиме Октоберфест да остане подостапен, изјави директорот на Октоберфест, Клеменс Баумгертнер. Инфлацијата, повисоките трошоци за работна сила и енергијата се главните причини за тоа што забавата на Октоберфест ќе поскапи, според домаќините. Дополнително, повисоки ќе бидат и трошоците за поставување шатори, според Петер Инселкамер, претставник на угостителите.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ