недела, април 14, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsПовеќе инвестиции во Штип во Буџетот за 2024 година
spot_img

Повеќе инвестиции во Штип во Буџетот за 2024 година

Општина Штип ќе го креира Буџетот за следната 2024 година. Буџетските средства за тековната година изнесуваа нешто повеќе од 1 милијарда денари и беа за 4, 2 % повеќе во споредба со претходната 2022 –ра година. Била полна со активности, кои се реализирале и покрај опструкциите од централната власт, информира првиот човек на општината. 

– Годината којашто следи очекувам да биде развојна година со многу реализирани капитални инвестиции. Компаративно со оваа година којашто изминува, сметам дека ќе имаме развојна компонента, повеќе инвестиции, тоа е нашата тенденција – секоја година којашто следува да биде подобра и со поголем Буџет од годината којашто изминала. Секогаш може подобро, но имајќи предвид дека имаме опструкции на дневно ниво, од страна на централната власт, средствата коишто се предвидени, а не се реализираат, сигурно дека доколку овие активности беа поинакви, развојот на Штип, ќе беше поголем, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

Активностите за следната година ќе се одредат врз основа на потребите на жителите, кои ќе бидат изнесени на меѓусебни средби во текот на следниот месец.

– Месец декември е месец резeрвиран за форуми, за средби со граѓаните по урбаните заедници, кои ќе даваат свои предлози и идеи за креирање на буџетот за 2024-та година. Очекувам она коешто е приоритет на граѓаните да биде нотирано преку овие средби, додаде Јорданов 

И во остантите општини од источниот регион се одржуваат форуми, на кои граѓаните предлагаат проекти, изнесуваат проблеми и посочуваат на нивни решенија. 

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ