среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонија„Питијада“: Цената за велешка пастрмајлија ќе биде за 10 денари повисока од...
spot_img

„Питијада“: Цената за велешка пастрмајлија ќе биде за 10 денари повисока од штипската, оти содржела јајце!

Општина Велес се подготвува за традиционалната манифестација Питијада, која ќе се одржи во градот во петок, сабота и недела.

Веќе била утврдена и цената на пастрмајлијата, 200 денари за пита, а била за десет денари повисока од цената на штипската пастрмајлија, бидејќи освен тесто и месо, содржела и јајце. Чаша вино пак, било утврдено да се продава по цена од 50 денари.

Годинава во Велес во тек на тридневниот настан ќе настапуваат само македонски пејачи.

Помеѓу најавените гости се Сузана Спасовска, Наум Петрески и Зуица Лазова, Миле Кузмановски, ДНК, Каролина Гочева, Лозано…

Поради одржувањето на настанот, од МВР соопштија дека во тек на викендот во Велес ќе има посебен сообраќаен режим, а униформирани полициски службеници ќе давале насоки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ