сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЗдравјеПилешко во сос од печурки: Брза и лесна подготовка
spot_img

Пилешко во сос од печурки: Брза и лесна подготовка

Вкусен рецепт за пилешко во сос од печурки.

СОСТОЈКИ:

  • 500 гр пилешко филе
  • 1 кесичка крем супа од печурки
  • 200 мл павлака за готвење
  • малку сол
  • кашкавал (по желба)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Пилешкото филе исечкајте го на тенки шницли. Содржината од крем супата од печурки истурете ја во подлабок сад, па во неа извалкајте ја секоја шницла. Ставете во намастен огноотпорен сад. 
  2. Прелијте ги шницлите со неутрална павлака и сол по вкус. По желба изрендајте малку кашкавал. Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу половина час, а потоа намалете ја температурата и оставете ги да се печат уште 15 минути. 
  3. Совет: Послужете со варен зеленчук и салата.

Добар апетит!

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ