сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПетков: Бугарија може да го тргне ветото, но само кога Македонија ќе...
spot_img

Петков: Бугарија може да го тргне ветото, но само кога Македонија ќе го отвори уставот и ќе го признае нашето малцинство!

Бугарија треба да го помести ветото за македонските евроинтеграции, а не да го подигне, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за бугарската телевизија „Нова“.

Прв услов на Софија за кревање на ветото останува вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав, тврди Петков, а промената на Уставот според него мора да се случи пред отворањето на првото поглавје.

Бугарија треба да ја качи Македонија на возот за ЕУ, но бугарските барања да бидат вклучени во преговорите за членство на Македонија со ЕУ, а Европа да гарантира дека ќе бидат исполнети, вели бугарскиот премиер.

„Сега е прашањето кога. Ако сакаме да се смени Уставот пред да се тргне ветото сега, за да тргне Македонија по европскиот пат е многу тешко. Но ако кажеме добро, тргнувајте по патот, го тргаме ветото, но првото поглавје не може да биде отворено без Уставот да биде променет тогаш тие не треба да го сменат Уставот бидејќи Бугарија сака, туку затоа што тоа ќе биде дел од договор.

Договор со ЕУ кој го определува патот на Македонија како земја членка. Имаме ли таква поддршка од европските партнери? Да. Тоа беше јасно ни беше кажано и од г-ѓа Фон Дер Лајен кога беше тука. Тие (ЕУ) ни кажаа јасно. Ние сме подготвени да бидеме гарант за тој процес. Ние сме подготвени да ја ставиме промената на Уставот во Рамковниот договор на ЕУ со Македонија пред првото поглавје“, изјави Петков.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ