среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПерев со нова провокација: Бугарите во Македонија ќе ги зачуваат имињата на...
spot_img

Перев со нова провокација: Бугарите во Македонија ќе ги зачуваат имињата на своите клубови

Бугарските културни клубови нема да одлучат да се затворат сами или да ги променат своите имиња. Ова го изјави публицистот и редовен колумнист на порталот Трибуна Владимир Перев, во емисијата „Одговорите“ на бугарскиот информативен портал Актуелно.

„Тие можат да се најдат во ситуација насилно да бидат избришани од регистарот на политички здруженија и организации и потоа да одат во Европскиот суд во Стразбур и таму да се води предмет. Македонија не смее да заборави дека имаше еден Владо Панков кој водеше судски спор за здружението Радко и кој го доби случајот. Да, оттогаш помина многу време, тој се бореше сам, но сега, со силите на цела држава, со силите на македонските Бугари, случаите ќе траат многу кратко и ќе се добијат“, истакнува Перев.

Познатиот публицист, кој беше награден со плакетата „Будител на годината“ од страна на бугарската амбасада и Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје смета дека Бугарите секако ќе бидат вклучени како државотворен народ во македонскиот Устав.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ