сабота, април 13, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПендаровски ја посети Ембла и заедно отидоа на училиште
spot_img

Пендаровски ја посети Ембла и заедно отидоа на училиште

Претседателот Стево Пендаровски денеска беше гостин во домот на Ембла Адеми, девојчето со Даунов синдром, кое минатата недела сама го почна второто полугодие на училиште, оти родителите на другите деца ја бојкотираа наставата. Во домот на семејството Адеми го пречекаа со сок и баклава, а претседателот на Ембла ѝ подари училиштен прибор. Потоа заедно отидоа во основното училиште „Единство“ каде што таа учи.

Претседателот Пендаровски објави неколку фотографии од времето поминато заедно, па освен што јавно ги поддржа девојчето и нејзиното семејство, рече дека сите лица со атипичен развој треба да ги имаат истите права како сите останати луѓе во општеството.

„Децата со атипичен развој не само што треба да ги уживаат правата кои им следуваат, туку и да се чувствуваат еднакви и добредојдени во светот кој природно им припаѓа – училишните клупи и училишниот двор. Тоа е наша обврска, како држава, но и како поединци, а инклузијата е потребно да биде основниот принцип. Прекрасната енергија на Ембла имав чест да ја почувствувам денеска во нејзиниот дом и училиште во Гостивар“, напиша Пендаровски на официјалната фејсбук-страница.

За потсетување, Ембла од Гостивар е девојче со Даунов синдром. Таа учи во ОУ „Единство“, но нејзините соученици и нивните родители не сакале да биде во истиот клас со нивните деца. Родителите ја бојкотирале наставата и одбиваа таа да учи со нивните деца под изговор дека девојчето е агресивно. Најлошо што девојчето било принудувано само да следи настава во посебна просторија, одделена од сите ученици.

Откако случајот на Ембла се прошири во јавноста, стигна и до надлежните институции, па за девојчето се направи посебна училница каде што учи со асистентка.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ