понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПендаровски како на зелено пазарче: Државата нема да пропадне од 3 илјади...
spot_img

Пендаровски како на зелено пазарче: Државата нема да пропадне од 3 илјади Бугари во Уставот на Македонија!

Претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен на заедничката прес-конференција со својот домаќин претстедателот на Македонија Стево Пендаровски беше запрашан дали ќе ја убедува ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени со кои бугарското малцинство ќе влезе во Уставот. Тој одговори дека нема да се меша во внатрешно – политичките односи, но смета дека во парламентот сериозно ќе се размисли за тоа прашање. Ван дер Белен високо ја оцени политиката на Македонија кон заштитата на малцинствата,а претседателот Пендаровски рече дека нема да пропадне Македонија, ако малкубројната бугарска етничка заедница влезе во Уставот.

„Северна Македонија е пример во регионот на почитување на малцинствата, не само на албанското, туку на сите малцинства. За да може земјава кон ЕУ да напредува уште повеќе, добро е за уставни измени сериозно да се размисли и во таа насока да се носат одлуки. Имам разбирање за фрустрацијата поради  долгото стоење пред вратите на ЕУ. Но би рекол, овој нов моментим на забрзувањето и на зајакнатиот интерес на ЕУ треба да се искористи, за да не се загуби на време. Австрија во секој случај ќе остане сигурен партнер на Северна Македонија“, рече Ван дер Белен.

Тој додаде дека не би сакал „премногу да се изјаснува за внатрешно – политички прашања“.

„Денеска ќе се обратам пред парламентот и ќе ги замолам пратеничките групи серионо да размислат и сериозно да постапат по ова прашање имајќи ги предвид досегашните достигнувања и фактот дека веќе одамна Северна Македонија е пример за заштита на малцинствата“, рече австрискиот претседател.

Претседателот Стево Пендаровски смета дека нема да пропадне Македонија, ако малкубројната бугарска етничка заеница влезе во Уставот.

„Нема да пропадне државата ако ги вметнеме Бугарите во Уставот кои на број се нешто над 3 илјади луѓе. Македонската сувереност нема да се загрози, ниту пак европскиот пат ако се направи овој чекор“; рече Пендаровски со порака дека за да се достигне потребното двотретинско мнозинство во Собранието за уставни измени е потребно да се разговара со опозицијата.

„Не постои друг пристап освен разговори“; рече Пендаровски.

Во врска со формирањето на експертска група за изготвување на уставни амандмани и дали, ако ВМРО-ДПМНЕ одбие учество со свои членови, тој ќе предложи свои членови и ќе повика на лидерска средба, Пендаровски рече:

„Ако опозицијата реши да не учествува ниту на експертско, ниту на политичко ниво, бескорисно ќе биде јас да се понудам за решавање на проблемот. Можам само да ја повикам опозицијата да учествува и можам да потсетам дека всушност зборуваме за прашања кои сме ги решиле пред дваесетина години со формулација  ‘делови од народ’“, рече Пендаровски. 

На прашање од новинарка од Радио Австрија поврзано со условувањата од Бугарија во врска со македонската евроинтеграција и дали е можно да се добијат и нови условувања со нови прашања,  Пендаровски рече:

„Условите кои последниве две години ни ги поставува Бугарија никој не можеше да ги предвиди ниту во Брисел ниту тука. Затоа што во 2017-19 година, кога правевме уставни измени и променивме име, беше ветено дека нови барања нема да има. Во тој консензус беше и Бугарија. Нашето референдумско прашање беше дали да се додаде Северна во името за да станеме членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ. Верувавме дека нови барања нема да има. Граѓаните оправдано прашуваат дали ќе има и нови барања од друга или од истата земја и доколку ги направиме уставните измени. Верувам дека такво нешто нема да се случи. Кредибилитетот на ЕУ, како заедница – шампион за почитување на човекови права, сега е овде драстично нарушен зашто сме единстфвена земја која името го сменила а чека во предворејето на ЕУ. Да се проблематизира нешто кое нема врска со вредносните принципи на ЕУ и тоа со историски прашања е недоволиво“, рече Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ