сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПендаровски емотивно искрен: Променивме и име на државата - По 20 години...
spot_img

Пендаровски емотивно искрен: Променивме и име на државата – По 20 години зборување за ЕУ и НАТО со кој образ ќе излеземе пред граѓаните!?

Во врска со нашата позиција во однос на проширувањето, претседателот Стево Пендаровски за Утрински брифинг вели дека е извесно оти бугарското вето ќе остане и дека нашиот пат кон ЕУ ќе стагнира, но дека треба внимателно да се постапува во однос на другите иницијативи за здружување и  соработка меѓу европските земји.

-Во изминативе години имавме преголеми очекувања. Бугарскиот премиер Кирил Петков е осамен лик на политичката сцена на Бугарија. За нас таа приказна е завршена и не можеме да очекуваме промена на позицијата на Бугарија во однос на ветото што го наметна кон нашата земја. Моја проценка е дека Петков се обидува со сѐ што прави да го омекне националистичкото крило во Бугарија. Имаше анкета и кај нас во  која 72 отсто од граѓаните се против договор со Бугарија дури и при услови на зачувување на нашиот идентитет, вели Пендаровски.

Пендаровски потсетува дека има стравувања во врска со Отворен Балкан, чијашто идеја е добра, но постои можност да стане алтернатива на Европската унија, во некој формат каков што предложи францускиот претседател Емануел Макрон, а веднаш беше поддржано од германскиот канцелар Олаф Шолц.

-Променивме име, направивме се’ … По 20 години кажување и зборување за ЕУ и НАТО, со кој образ ќе излеземе пред граѓаните и да им кажеме дека еве сега ќе се вклучиме во една нова европска иницијатива. Ние мора да знаеме дали таа иницијатива на Макрон се однесува на Украина, Грузија и Молдавија или нѐ опфаќа и нас, вели претседателот Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ