сабота, септември 30, 2023
Google search engine
ПочетнаМакедонија„Патот на Кобра до ѕвездите“ - Дарко Панчев добива документарец
spot_img

„Патот на Кобра до ѕвездите“ – Дарко Панчев добива документарец

Македонската фудбалска икона и легендарен голгетер на Вардар и Црвена Звезда, Дарко Панчев, добива документарен филм за неговата кариера кој ќе ја има премиерата во Скопје, на 24 април.

Документарецот е насловен „Патот на Кобра до ѕвездите“, а во него се говори за фудбалскиот пат на еден од најдобрите фудбалери и центарфори во поранешна Југославија кој ја покори Европа, а потоа и светот со белградските „црвено-бели“.

На проектот наменет за Златната копачка и Сребрена топка од Македонија работеа и го снимаа и продуцираа Спортклуб телевизија, Спорт Нетворк Продукција од Србија и Спортското радио 90.3 фм.

Промотивното емитување на филмот ќе се случи во хотелот „Александар Палас“ пред голем број поканети гости, новинари, спортски работници, екс-фудбалски ѕвезди, соиграчи и ривали на нашата фудбалска икона, Дарко Панчев.

Реализацијата на филмот е под генерално покровителство на Универзитет Скопје.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ