Како што веќе беше најавено во претходно, денеска со транспаренти „Палата на направдата“, „Правда за Викторија“ денеска пред Кривичниот суд во Скопје се одржа мирен протест против пресудата за возачот кој прегази 24-годишна девојка кај Сити мол.
Возачот е осуден на 3 години затворска казна, а според пресудата осудениот се движел со брзина од 67,3 километри на час, брзина поголема од 17 километри на час од предвидената.
Семејството на починатата Викторија Николова излезе на протест пред Кривичниот суд, заедно со роднини, пријатели и граѓани кои не се согласуваат со казната од три години за возачот што ја прегази на пешачкиот премин кај „Сити мол“. Со пароли „Правда за Викторија“, „Стоп за сообраќајното насилство“, „Убијци возачи – судии без совест“. Сестрата на починатата Викторија, смета дека пресудата е нереална.
„Бараме нова пресуда со реални очекувања. Нема да запреме тука. Доста беше тортурата и лудилото. За вашето непрофесионално работење ќе слушне целиот свет“, рече сестрата на Викторија Николова.
