петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаОхрид на нозе: Бугарскиот клуб „ЦАР БОРИС ТРЕТИ“ денес ќе се отвори...
spot_img

Охрид на нозе: Бугарскиот клуб „ЦАР БОРИС ТРЕТИ“ денес ќе се отвори веднаш до куќата каде што фашистичкиот окупатор ги осуди на смрт Колишевски и Пирузе (ВИДЕО)

Министерството ги замолува сите чинители да се воздржат од обиди за злоупотреба на своите права и слободи, особено да избегнуваат употреба на провокации и негирање на правата и слободите на другите.

Отворањето на првиот бугарски културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола на 16 април годинава, на кое присуствуваше бугарскиот државен врв, наиде на реакции и негодувања во македонската јавност. Михајлов, родум од Штип, бил соработник на фашистите во Втората светска војна и тврдел дека Македонците се Бугари.

Пред три дена се конституираше советодавното тело што треба да дава мислење околу карактерот на историските личности кои треба да бидат составен дел од името на некое здружение или фондација, со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни епохи.

Претходно, министерот за правда Никола Тупанчевски на прашањето дали ќе се дозволи да се отвори клубот во Охрид без став од советодавното тело, рече дека најавите се такви, но како Министерство немаат никакви ингеренции, бидејќи тоа е владина комисија.


ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ