петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаПолитикаОткриени детали од разговорот меѓу Путин и Макрон: „Воената операција во секој...
spot_img

Откриени детали од разговорот меѓу Путин и Макрон: „Воената операција во секој случај ќе биде завршена“

Како што било соопштено од Кремљ, Путин на претседателот на Франција му рекол дека воената операција “во секој случај ќе биде завршена”.

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска разговарал со францускиот колега Емануел Макрон.

Како што било соопштено од Кремљ, Путин на претседателот на Франција му рекол дека “целите на воената операција во секој случај ќе бидат завршени”.

Путин во разговорот со Макрон не се согласил со зборовите на францускиот претседател, кој ги нарекол лаги тврдењата дека Русија во Украина се бори против нацизам. Како што наведува Кремљ, Путин му дал образложение за значајната улога на неонацистите во државата.

Путин на Макрон му ги изнел руските услови во контекст на преговорите со претставниците на Киев.

Како што се наведува, пред се се бара демилитаризација и неутрален статус на Украина – за од нејзината територија никогаш да не доаѓа закана за Русија.

Претседателот на Русија на Макрон му рекол и дека наводите за бомбардирањето на Киев и другите украински градови не се точни, туку дека се елементи на антируска кампања на дезинформации.

Путин го повикал Макрон да направи напори за да се осигури безбедна евакуација на странци од Украина.

Тој на претседателот на Франција му рекол и дека земјите од Западот не направиле апсолутно ништо да го натераат Киев да ги испочитува Договорите од Минск.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ