сабота, април 13, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаОткако поскапе струјата, огревното дрво се зголеми зa 20 отсто - Метар...
spot_img

Откако поскапе струјата, огревното дрво се зголеми зa 20 отсто – Метар кубен даб сега е 3.564 денари

Поскапување на сите видови на огревно дрво објави државното претпријатие „Национални шуми“. Цените се зголемени за 20 отсто во однос на претходните кои не се променети од 2009.

Најскапото и најквалитетното дрво – она од даб, се зголемува од 2.900 денари на 3.564 денари по кубен метар. Во Ценовникот поскапени се и другите огревни дрва – буката е 3.444 денари, јаворот е 3.204, тополата е 3.084 денари по кубик, итн.

Одлуката следува откако месецов Владата се реши за определување највисоката трговска маржа на 10 отсто како посебен услов во трговијата за: огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев. Истовремено забранет е и извозот на овие производи.

„Национални шуми“ годинава планираат да произведат околу 400.000м3 огревно дрво, што е за 50.000м3 повеќе од лани. Но, годинава значително се зголемил и интересот на граѓаните да се греат на дрва, а од претпријатието велат дека листата на чекање станува се подолга.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ