На фудбалерот Душко Тошиќ му завршила забраната за приближување на Јелена Карлеуша, која за Божиќ го пријавила во полиција за семејно насилство.
Најпрво му била изречена забрана од 48 часа, а потоа Првото основно јавно обвинителство во Белград предложило забраната да му се продолжи во траење од 30 дена.
Како што пренесува Курир судот го прифатил предлогот за истекување на забрана за приближување, а сега се чека извештај од Центарот социјални работи и изјава на оштетената.
За тоа време, познатиот фудбалер решил да ја напушти Србија. Моментално се наоѓа во Истамбул, од каде што објавил слика на Инстаграм.
Тошиќ снимил преубав поглед на градот и галеб кој бил во негова близина.

Јелена не се огласила во медиумите, ни по пат на социјалните мрежи.