петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsОрганизиран настан „Биди економист“ во Штип, со цел идните можности на средношколците
spot_img

Организиран настан „Биди економист“ во Штип, со цел идните можности на средношколците

Преку разни работилници во кои пред се се вклучени средношколците, денес и утре на Економскиот факултет при УГД во Штип се организира настан „Биди економист“. Ова е една можност учениците и студентите да се запознаат со професорите, да поставуваат прашања и да одлучат каде ќе го продолжат своето образование.

„Ова всушност претставува продолжение на еден успешен настан „Биди претприемач“кој нашиот факултет го организира претходната година. На настанот денес како и утре ќе бидат спроведени повеќе работилници, презентации од страна на нашите професори, а ќе присуствуваат и претставници на повеќе компании од нашата земја кои воедно се јавуваат и како спонзори на настанот. Ова ќе биде одлична можност за сите учесници, а тоа се пред се средношколците и младите студенти кои ќе се запознаат со професорите на Економскиот факултет, кои ќе имаат можност да поставуваат прашања, да дискутираат, да дознаат која е убавината да се биде економист. На панел дискусијата која се организира следните два дена со работодавачите ќе имаат можност да дознаат што всушност нашите работодавачи бараат од младите луѓе“ – кажа деканот на Економски факултет.

Целта на настанот е да им се покаже на младите што значи да се биде економист, да се промовира факултетот за средношколците да донесат одлука за нивното понатамошно образование. Настанот после две години се реализира со физичко присуство, но имаше и можност да се следи онлајн.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ