Општина Штип продолжува со реализација на проектот за изградба на конозоли на река Отиња, на потегот од хотел „Оаза“ до црквата „Свети Никола“ во вкупен износ од 11.527.425 денари од буџетот на општината.
По завршување на сите фази од овој проект, значително ќе се промени изгледот во централното градско подрачје, ќе дојде до проширување на главните сообраќајници „Маршал Тито“ и „Васил Главинов“ и веќе со новиот ГУП ќе може да се предвиде или двонасочен сообраќај или косо паркирање, со што во центарот ќе се ослободат повеќе паркинг места за сите учесници во сообраќајот.


