По барање на жителите од ул.Сутјеска, Општина Штип денес почна со изведба на нов тротоар со вградување на павер елементи на површина од 850м2, во износ 1.075.300 денари.
„Нашата цел е на сите оние кои го користат овој потег да им обезбедиме непречено и безбедно движење. Затоа и во наредниот период интензивно ќе работиме на создавање нови пешачки површини на територијата на Општина Штип со цел да имаме безбедни пешачки зони, по кои ќе можат да се движат нашите сограѓани“, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.



