Општина Штип и денеска продолжи со еколошки акции во населените места, а со поддршка на јавните претпријатија, беа чистени ударните површини во најголемата и најнаселената населба, Сењак во Општина Штип.
Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, упати апел до сите нашите граѓани, повикувајќи ги да се приклучат кон овие активности, бидејќи само на овој начин заедно може да се зголеми свесноста и одговорноста кон животната средина!
Со вакви еко акции можеме да обезбедиме почист град за нашите деца и идни генерации, стои во написот на Фејсбук статусот на Јорданов!






