петок, септември 22, 2023
Google search engine
ПочетнаШтип NewsОпштината Штип очекува поддршка од Владата за решавање на проблемот со водоснабдување
spot_img

Општината Штип очекува поддршка од Владата за решавање на проблемот со водоснабдување

Од вкупно 35 милиони евра, средства од ТАВ, кои наместо за изградба на карго аеродром се пренаменија за инфраструктурни проекти, општина Штип ќе добие 1,2 милиони евра. Планирано е деновиве подизведувачот да започне со изградба на главна водоводна линија 2, со која трајно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во повисоките делови од градот. Меѓутоа, поради инфлацијата овие пари не се доволни за целосно заокружување на финансиската конструкција.

– Од проценките и пресметките кои ги добивме, за да се стави во функција оваа главна водоводна линија со двата главни резервоари, ќе се потребни дополнителни од 1,5 до 2 милиони евра кои во овој момент ги немаме, дополнително треба да се обезбедат за кофинансирање од страна на општината- изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Локалната самоуправа за средства ќе аплицира во Министерството за животна средина за заемот од Европската инвестициона банка, наменет за проекти од секторот водовод и канализација.

– Се надевам дека дел од средствата коишто ни припаѓаат нам како општина ќе можеме да ги обезбедиме за да ја финализираме линија 2, за да сепак граѓаните имаат крајна корист од она што со години наназад го заговараме, комуницираме и најавуваме дека конечно ќе се реши како потреба и проблем- додаде Јорданов

Паралелно ќе се работи и на реконструкција на главната водоводна мрежа, на која поради дотрајаност има чести дефекти, посебно во летниот период кога е зголемен притисокот и потрошувачката. За нејзина целосна ревитализација, локалната самоуправа ќе побара од граѓаните да се изјаснат на референдум, дали се согласни да се пренаменат парите од самопридонесот во висина од 1 милион евра, кои со децении се замрзнати на трезорска сметка, а беа собрани за изградба на брана на Козјачка река, која никогаш не се изгради

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ