среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsОпштината Штип купи нова повеќенаменска машина
spot_img

Општината Штип купи нова повеќенаменска машина


Општината Штип, во соработка со ЈП „Исар“, набави повеќенаменско возило за косење на трева, одржување на зелени површини и чистење на сообраќајници, тротоари и слично. За оваа машина, која е од големо значење за градот, се одвоени повеќе од два ипол милиони денари. Градоначалникот Иван Јорданов истакна дека тенденцијата е да се обноват машините и опремата на јавните претпријатија.

„Во изминатиот период од буџетот на Општина Штип, преку субвенционирање на јавното претпријатие, одвоивме повеќе од два ипол милиони денари за набавка на повеќенаменско возило, кое ќе служи за одржување на зелени површини, полесно чистење на сообраќајниците и тротоарските површини. Ова е тенденцијата кон која се стремиме, полека но сигурно, да се обновуваат машините и опремата на јавните претпријатија”, вели Јорданов.

Возилото има опција за приклучоци кои овозможуваат третирање на зелени површини, косење на трева и грмушки, чистење на улиците под висок притисок и странично косење на трева на сообраќајници во Општина Штип.

„Ова мултифункционално возило има разни приклучоци. Ние располагаме со приклучоци за третирање на зелени површини, косење на високи треви и грмушки, отстранување на ураснати ивици и тротоари, перење под висок притисок за јавни површини и странично косење на високи треви на сообраќајници во Општина Штип”, истакна Јорданов.

Со помош на ова повеќенаменско возило, Штип ќе може да задоволи поголем дел од потребите на граѓаните и да го направи градот почисто место за живеење.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ