среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsОмикрон сојот доминира кај повозрасното население во штипскиот регион
spot_img

Омикрон сојот доминира кај повозрасното население во штипскиот регион

Последните анализи на Центарот за јавно здравје – Штип покажуваат дека омикрон сојот се шири меѓу повозрасната популација во штипскиот регион. Директорката на центарот, Марија Димитрова, вели дека деновиве доминира популацијата над 55 години.

„Околу новогодишните празници со корона вирусот беше заразена пред се помалдата популација од 18 до 39 години, поради забавите и седенките во затворен простор. Деновиве имаме спорадични случаи на заразени кај младата популација и како што реков од последните извештаи во текот на овие денови доминира популацијата над 55 години.“ – додава Димиторва.

Во штипското Инфективно одделение, пак, според извештајот од болницата во изминатото деноноќие новопримени се четири пациенти, дома заминал само еден. Со ова бројот на хоспитализирани е 57, од кои 39 имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се 16 пациенти. Едно лице од Штип на 81 годишна возраст ја загуби битката со Ковид – 19, а слободни се само три ковид кревети, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во кочанската болница нема хоспитализирано ковид пациенти на Интерното одделние, поврдуваат од болницата.

Во општините од Истокот моментално активни се 864 ковид случаи, од кои најмногу во Штип- 299, во Кочани – 218 и во Делчево – 130. Во останатите општини бројката е двоцифрена вклучувајќи ги и Македонска Каменица и Пехчево каде има активни 47, односно 31 корона пациент.

Според информации од Министерството за здравство, заклучно со вчера, во земјата направени се над еден милион и 700 илјади тестирања, а активни се над 16 илјади случаи.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ