понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsОд 1ви Февруари децата повторно со маски во училиште
spot_img

Од 1ви Февруари децата повторно со маски во училиште

Наставата ќе биде со физичко присуство, а децата на часовите ќе носат маски, како во првото полугодие е последната одлука и од комисијата за заразени болести,а потврдена од владата. Од инцијативата „Стоп за маски во училиштата“ остануваат на ставот дека во вторник родителите ќе ги пуштат децата во училиште без маски.

Детските пулмолози и алерголози велат дека децата на затворено треба да носат маски во овој период, бидејќи се уште е рано да се стимант маските во затворени простории. За доктор Бесник Зекири директор на детската болница Козле дека треба да се внимава и во моловите каде се носат децата, бидејќи вирусот е полесен за децата, но тие го пренесуваат.

Родителите се противат на маските, бидејќи веруваат дека се штетни по здравјето на децата Зекири објаснува дека досега немало во болницата дете кое имало компликации заради маските, кожните реакции се можни, но тоа се лесни симптоми кои се повлекуваат.

И денеска во детската болница Козле имаше зголемен број на деца кои одеа на преглед со ковид, настинки или грип. Во моментов хоспитализирани се 33 деца со ковид заедно со нивните мајки. Во моментов нема дете на кислородна поддршка.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ