среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsОд утре такси услугата во Штип со старт од 80 денари, ќе...
spot_img

Од утре такси услугата во Штип со старт од 80 денари, ќе се корегира секојдневно

Од утре такси усугата во Штип со покачена цена, односно стартот ќе биде 80 денари сѐ останато останува исто. Претседателот на здружението Такси 2003 Штип, Глигор Арсов истакна дека за цената на такси услугата ќе се одулчува на дневно или неделно ниво, исто како што Регулаторна одлучува за цената на горивата. Ако има нагло покачување на цените на горивата ќе расте и цената на такси услугата и обратно ако се намалуваат горивата ќе се намалува и такси услугата.

„Само што заврши состанокот на здружение на таксисти од Штип и едногласно се договоривме од утре да ја покачиме цената на стратот од 70 на 80 денари. Ако нешто не се промени, ќе одиме и ние ден за ден, ако цената на дериватите оди нагоре и ние ќе одиме нагоре и обратно“ – вели Арсов.

Со досегашните цени за такси услугата, а секојдневното покачување на горивата Арсов вели не се издржува. Токму поради ова штипските такси комапнии се одлучија на ваков чекор.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ