сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаОд СВР Штип потврдија дека исчезнат маж е пронајден мртов
spot_img

Од СВР Штип потврдија дека исчезнат маж е пронајден мртов

Исчезнатото лице од каменичкото село Дулица по кое се трагаше во текот на вчерашниот ден е пронајдено мртво. Информацијата ја потврдија од СВР Штип од каде информираа дека безживотното тело на лицето Т.А (50) било пронајдено од страна на каменичката полиција во близина на неговиот дом.

-На 26.04.2023 во село Дулица, општина Македонска Каменица, во близина на неговиот дом бил пронајден починат Т.А.(50) од село Дулица, за кого неговиот брат Ј.А. на 25.04.2023 пријави дека се оддалечил од домот. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираше портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Оттаму додаваат дека по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

Претходно граѓани се организираа во потрага по изчезнатиот жител на Дулица со активно учество на Ловни здруженија од Делчево и Македонска Каменица, како и Доброволни противпожарни друштва од Македонска Каменица и регионот.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ