Од денес новото спортското игралиште во Чардаклија ќе го носи името „Влатко Петров“, во чест на прерано загинатиот бранител.
Општина Штип во ова игралиште вложи 1.8 милиони денари, а со оваа инвестиција ја уредивме површината со специјализирана тартан подлога и нови реквизити.
Вака се заблагодаруваме на оние кои се жртвувале за нас, вака инвестираме за новите генерации, стои на Фејсбук постот на градоначалникот, Иван Јорданов.



