ОДЛУКА ЗА ПОЗДРАВУВАЊЕ – Општина Штип ќе ги покрие трошоците за згрижување во градинка на деца со попречености.

На денешната седница на Совет на Општина Штип, а согласно Програмата за активностите на Општина Штип од областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2022 година, донесуваме одлука со која ќе го обезбедиме правото на партиципација, преку покривање на трошоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, или поточно за деца со попреченост и тоа согласно следнава категоризација: – пречки во телесниот развој – интелектуална попреченост – најтешки облици на хронични заболувања со присутни оштетувања и лимитирани активности, – оштетен вид – оштетен слух – потполно отсуство на говорот, тешко оштетен говор, лице со изгубен или оштетен порано стекната говор, – аутизам, – повеќе видови попречености и за – деца со ретки болести Општината активно ќе се заложи за сите категории граѓани, а денешната одлука е само мал дел од она што ќе го реализираме во наредниот период – изјави Јорданов.