петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаОблачно со локални врнежи од дожд
spot_img

Облачно со локални врнежи од дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд, особено во крајните западни и крајните источни делови. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува силен југозападен ветер. Кон крајот на денот на планините врнежите ќе преминат во снег.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 16 Целзиусови степени, Маврово 4, Охрид 11, Битола, Крива Паланка и Берово 13, Кавадарци 18, Дојран 20.

И утре времето ќе биде променливо облачно, наутро посвежо со локални врнежи од дожд, особено во крајните западни и крајните источни делови. Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. На планините врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури ќе се движат од 1 до 18 степени.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ