среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЗдравјеНов скандал со кој се става во сенка обвинението против Жан Митрев:...
spot_img

Нов скандал со кој се става во сенка обвинението против Жан Митрев: И на државна кардиохирургија вршени се хемофилтрации во време на КОВИД?!

Хемофилтрацијата како метода била користена за време на КОВИД и на државната Клиниката за кардиологија, покажуваат јавно достапните податоци на Биро за јавни набавки, пренесува Нетпрес.мк

Нејасно е зошто во јавноста останува впечатокот дека само во Клиниката Жан Митрев е користена хемофилтрацијата кога јавно објавените податоци укажуваат дека и клиниките на јавното здравство ја користеле оваа метода. Тоа е јасно укажување дека хемофилтрацијата како метода е користена и на Клиниката за кардиологија и тоа со драстично зголемен број споредено со 2020 година.

Податоците велат дека во 2020 година се набавени само 17 филтри за хемофилтрација. За разлика од таа година во 2021 се набавени 125  филтри за хемофилтрации и 140 филтри за 2022 година што е значително зголемување од 2020 година.

Сите набавки освен последната во 2022 се направени од компанијата Интерком којашто е одговорна за набавка за хемофилтрите, а во 2022 од Омни Медикал. Според податоците од Малмед, компанијата Интерком користи хемофилтри од компанијата Бакстер, а за Омни Медикал нема никакви податоци какви филтри набавува.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ