петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsШтипјани ќе добијат нов адреналински парк во Суитлак
spot_img

Штипјани ќе добијат нов адреналински парк во Суитлак

Адреналински парк во месноста Суитлак е новото атрактивно место за рекреација. Општина Штип има обврска да ја обезбеди техничката документација за проектот, а финансии ќе обезбеди заедно со Фондацијата за развој на локалната заедница. Извидничкиот одред „Еквинокс“, како претставник на младите ќе дава идеи за тоа како ќе се уреди овој парк. На денешната седница на Советот како точка на дневен ред се зборуваше и за договорот кој треба да се потпише меѓу трите страни и кој треба да ги утврди обврските на истите.

„Се работи за малку поголема површина на којашто веќе извесен период се работи за да се оплемени и да се создадат содржини коишто ќе бидат од интерес за сите граѓани на нашата општина, но со акцент на децата и младите. Ние обезбедивме простор каде што тие ќе се рекреираат, ќе спортуваат и родителите ќе го минуваат времето со нивните деца, простор со којшто за жал во нашата општина не располагаме. Претпоставувам, од овде потекнува идејата за да се работи на овој проект“, истакна Вишна Шорова – Ангелова, шеф на Кабинетот на Градоначалникот на Општина Штип.

Проектот на Совет доби поддршка и од советничката група на СДСМ, зашто како што рече координаторката, анкетите и истражувањата покажале дека младите најмногу потреби имаат токму од адреналински парк.

„Сметам дека СРЦ Суитлак со ова ќе добие дополнување и ќе се заокружи како целина на едно пријатно катче во коешто ќе уживаат сите граѓани. Затоа ние како советничка група ќе го поддржиме овој предлог, а со тоа понатаму и договорот којшто ќе биде доставен пред нас како Совет“, додаде Рогожарска – Поповска.

Адреналински парк ќе има во Суитлак на земјиште наменето за спорт и рекреација. Бидејќи е проект кој би требало да се финансира од Европски фондови и проект од јавен интерес, на граѓаните нема да им се наплаќа за користење на паркот.

Ребека Спасова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ