петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинНовиот гејминг телефон ќе има дури 22 ГБ РАМ
spot_img

Новиот гејминг телефон ќе има дури 22 ГБ РАМ

Леново го подготвува својот нов гејминг телефон, а сега се појавиле и комплетните спецификации на уредот.

“Lenovo Legion S90” гејминг телефонот во претходниот период се појавил како дел од различни вести и гласини, а сега ги добивме најточните достапни информации за уредот.

Автентичноста на достапните податоци не е позната, но самиот дојавувач “@Pandaisbald” има добра репутација кога станува збор за претходни дојави за необјавени уреди.

Без премногу изненадувања, “Legion S90” ќе користи “Snapdragon 8 Gen 1” чипсет. Во комбинација со споменатиот чип доаѓа и 18 ГБ РАМ, кој може да се прошири до 22 ГБ со помош на РАМ екстензија на Андроид.

Се споменува и 640 ГБ складишен простор, што ќе биде можно со комбинирање на дискови од 512 ГБ и 128 ГБ.

Дисплејот би требало да биде “Samsung E4 AMOLED” со големина од 6,92 инчи и со 144Hz освежување. На поле на камерите се очекуваат 44МП селфи од предната страна, како и 64МП главна камера од позади и 16МП ултраширока камера.

Достапните информации споменуваат и надградено решение за ладење, како и постоење на физички тастери кои би можеле да бидат шест на број.

Се очекува “Lenovo Legion S90” гејминг телефонот да биде претставен во текот на февруари.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ