сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаНова „сол“ на и онака ранетата соголена кожа на обичниот народ: Горивата...
spot_img

Нова „сол“ на и онака ранетата соголена кожа на обичниот народ: Горивата одново поскапуваат, дизелот руши рекорди!?

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите, повторно покачени цени на горивата – и за прв пат дизелот ја надминува границата од 100 денари за литар.

Со најновото покачување на цените на горивата и дизелот ја надминува границата од 100 денари за литар.

Согласно методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1.30%. Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 1.00 денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 110 денари.

Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 0.50 денари и еден литар 98-октански бензин ќе чини 112 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 2.50 денари и еден литар дизел ќе чини 102 денари. Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ