петок, септември 22, 2023
Google search engine
ПочетнаМакедонијаНова скопска хорор сторија: Малолетници силувале дете и тоа го снимале, а...
spot_img

Нова скопска хорор сторија: Малолетници силувале дете и тоа го снимале, а потоа видеото го споделиле!

Вистински хорор доживеало дете од Скопје. Согласно пријавата на мајката во полициска станица, нејзиниот малолетен син на 21 месецов, бил силуван од други двајца малолетници. Малолетниците го снимиле целиот настан, по што видеото го споделиле со други лица.

„На 27.04.2023 околу 22.43 часот во Полициската станица Бит Пазар, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека на 21.04.2023 двајца малолетници со закана извршиле полово дејствие врз нејзиниот малолетен син, а настанот го снимале, по што видеото го споделиле на неколку лица“, велат од Министерството за внатрешни работи за Прес24.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ