среда, декември 6, 2023
spot_img
ПочетнаМакедонијаНишто ново во Владата на Северна: Груби повторно ја шутна топката и...
spot_img

Ништо ново во Владата на Северна: Груби повторно ја шутна топката и се пофали со втора рунда фудбал во Министерството за политички систем

Нова рунда фудбал се играла во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи Артан Груби. Тој пред една недела се извинуваше за спортувањето во кабинетот кога гости му беа останатите функционери од ДУИ, а денеска објави нови фотографии. За разлика од претходно, сега фудбал не игра тој, туку неговиот гостин.

„Пријателски разговор околу актуелната политичка ситуација, европската перспектива на земјата и целиот регион со американскиот филантроп и Претседател на Фондацијата ‘Отворено општество’, г-дин Александар Сорос“, напиша Груби.

Минатата недела имаше бура од реакции поради тоа што во Министерството се играше фудбал и кошарка. Поради тоа, Груби ѝ се извинуваше на јавноста.

„Ако тоа толку длабоко задира во вашите, твоите, во сите ваши чувства, јас навистина ви се извинувам затоа што сме играле фудбал и сме играле баскет. Ако толку задира во чувствата за било кој што е трогнат од таа слика“, кажа Груби пред осум дена.

Претходно, во истото Министерство, гости пречекуваше и средби остваруваше лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Текстот (Видео) По една недела од извинувањето, Груби се пофали со нова рунда фудбал во Министерството за политички систем е превземен од МАКФАКС.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ