петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаНиту плата, ниту слобода: Полицијата го приведе вработениот од ЈСП кој се...
spot_img

Ниту плата, ниту слобода: Полицијата го приведе вработениот од ЈСП кој се заканил со бомба!

Денеска од страна на службени лица во МВР приведен е Ј.И. вработен во ЈСП, откако тој претходно од сопствен мејл пријавил лажна дојава за бомба.

Лицето е уапсено и како што велат од МВР се работи на расчистување на случајот:

„Ј. И. вработен во ЈСП околу 5 часот од неговиот мејл, на службениот мејл на ЈСП и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во претпријатието испратил закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите. Се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

На социјалната мрежа Фејсбук се огласија и од ЈСП:

„ДОЈАВА ЗА БОМБА ГО БЛОКИРАШЕ ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека од утринава, по налог на МВР, сите возила на ЈСП Скопје се повлечени од сообраќај поради дојава за поставена рачна бомба во едно од возилата.

Екипите за антитероризам се на терен и постепено возилата се вклучуваат на линија по претходна соодветна безбедносна проверка.

Лицето, вработено во ЈСП, а кое ја испратило заканата е приведено од страна на МВР.

ЈСП нема да дозволи било какви уцени, закани, притисоци и обиди за саботажи да го нарушат работниот процес на претпријатието и ќе продолжи да работи во на интерес на граѓаните.

Безбедноста и сигурноста на вработените во ЈСП и скопјани секогаш е приоритет на претпријатието“.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ