Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов најави дека граѓаните на Сењак 4 ќе добијат нов, современ парк со повеќе детски игралишта и содржини.
Јорданов потенцираше дека Општината со овие проекти ќе покаже дека ниту една населба во Штип повеќе нема да биде заборавена, а парите од буџетот на граѓаните ќе завршат во вложување на урбанизација, инфраструктура и останати намени за нивните потреби.
„Заборавената населба Сењак 4 ќе добие современ парк со повеќенаменски детски игралишта и содржини. Проектот предвидува изградба на повеќенаменско детско игралиште, игралиште за мал фудбал со вештачка трева, ново игралиште за баскет, целосно осветлување и уредување со нова урбана опрема“, изјави Јорданов на својот Фејсбук профил.


